16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft вреди двојно повеќе отколку сите европски банки заедно

Microsoft вреди двојно повеќе отколку сите европски банки заедно

Негативните каматни стапки, падот на приносите на обврзниците, посилното регулирање и знаците на рецесија ја избришаа поголемата пазарната вредност на европските банки.

Откако индексот во средината на неделата потона за три проценти во услови на слабеење на германската економија и опаѓање на приносите на долгорочните американски обврзници, што се смета за најава на рецесија, пазарната капитализација на европските банки падна под половина трилион евра, што е, на пример, половина од вредноста на Microsoft.

Денешните цени на акциите се на нивоа како кога на Грција, Ирска и Португалија им беше потребна меѓународна финансиска помош. Кипар, од друга страна, им нареди на своите банки да замрзнат дел од депозитите на своите граѓани, а шпанските банки беа спасени од колапс само со инекција на готовина од владата.

Иако уште не е на дното, индексот на банки на еврозоната од 2017 година изгуби до сега дури 84 проценти од вредноста.

Покрај тоа, според анализата на Reuters, сега е само неколку бодови одалечен од нивото во времето на падот на Берлинскиот ѕид кон крајот на осумдесеттите години кога еврото беше далечна идеја, а во оптек во источноевропските земји се уште беше советската рубља.

Во 2007 година, европските банки вредеа на берза 1,7 трилиони долари, далеку над американските конкуренти.

Денес состојбата е спротивна – европските банки вредат само една третина од капитализацијата на банките од другата страна на Атлантикот.

Ниската профитабилност е главен проблем кој може да доведе до следна европска банкарска криза, за разлика од солвентноста која беше главна грижа на почетокот на деценијата, велат аналитичарите.

За тоа време американските банки профитираа од повисоки каматни стапки и подобра заработка во инвестициското банкарство.

Европските банки, бидејќи немаат голем потенцијал за проширување, ќе имаат и помал капацитет во финансирање на европските компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП