29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTwitter забранува рекламирање на медиуми кои ги контролира државата

Twitter забранува рекламирање на медиуми кои ги контролира државата

Компанијата Twitter објави дека на својата социјална мрежа ќе ја продолжи забраната за рекламирање на медиуми спонзорирани од државата.

Во соопштението компанијата наведува дека од сега ќе биде забрането рекламирање на сите медиумски организации кои ги контролира државата, финансиски или уреднички.

”Ја обновуваме нашата рекламна политика која се однесува на државните медиуми. Отсега веќе нема да прифаќаме рекламирање на медиумски организации кои се под контрола на државата“, истакнуваат од компанијата.

Во соопштението се вели дека станува збор за глобален пристап кој ќе се прошири на комплетното работење.

Одлуките во врска со политиката на друштвените мрежи ќе бидат донесени врз основа на клучните прашања за слободата и независноста на медиумите, како што се уредничка содржина, финансиска сопственост, влијание или мешање во радиодифузерите, уредниците и новинарите, директно или индиректно вршење политички притисок, како и контролирање на процесите на производство и дистрибуција.

”Оваа политика нема да се однесува на медиумите кои се посветени само на забава, спорт или содржина за патувања, но може да важи доколку таквата содржина се меша со политичка“, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП