2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота отповика уште 185.000 возила

Тојота отповика уште 185.000 возила

50851-Toyota Verso-S 11

Јапонскиот производител на автомобили Тојота најави отповик на 185.000 возила ширум светот. Причината за ваквиот чекор е недостатокот во системот за електрично серво управување.

Се отповикуваат возила од моделот Јарис кои се произведени во периодот од ноември 2010-та година до март 2012-та година, како и автомобили од моделот Версо-Ѕ кои се произведени во периодот од август 2010-та до август 2011-та година.

Најголем дел од возилата на Тојота се отповикуваат во Јапонија, 130.000 примероци, потоа во Германија 7.050 и  7.000 во Франција, како и помал број во останатите земји во кои овие автомобили биле продадени.

Претставниците на Тојота тврдат дека досега не се случил некој инцидент кој бил предизвикан од наведените недостатоци на споменатите серии на автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП