16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинески интернет пребарувач изгуби 60 милијарди долари пазарна вредност

Кинески интернет пребарувач изгуби 60 милијарди долари пазарна вредност

Најголемиот кинески интернет пребарувач, Baidu, соочен со тврдата конкуренција, изгуби од минатата година повеќе од 60 милијарди долари од пазарната вредност.

Тој пребарувач, дел од кинеското интернет трио Baidu, Alibaba и Tensent – популарно наречен под заедничкото име BAT, се соочува со сè потешки услови на пазарот за рекламирање поради што почна да заостанува зад другите два ривали.

Baidu, честопати нарекуван „кинескиот Google“, се соочи оваа година и со стагнација на своите акции од речиси 40 проценти.

Спротивно на тоа, акциите на Tensent се зголемиле за нешто повеќе од 6,0 проценти, а акциите на гигантот во областа на е-трговија Alibaba за повеќе од 27 проценти, објави CNBC.

На својот врв, средината на мај 2018 година, пазарната вредност на Baidu изнесувала околу 99 милијарди американски долари, а цената на акциите достигнала 284 долари.

Меѓутоа, акциите на тој гигантот за пребарување паднаа од тогаш на 96,7 долари по акција, а неговата пазарна капитализација на 33,8 милијарди долари.

За споредба, Tensent и Alibaba вредат поединечно повеќе од 400 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП