4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei на програмерите им нуди милијарда долари вреден програм за стимулација

Huawei на програмерите им нуди милијарда долари вреден програм за стимулација

Кинескиот технолошки гигант Huawei објави ажурирана програма за стимулирање на развојни програми кои ќе им донесат вкупно милијарда долари.

Истовремено, оваа година ќе бидат отворени нови лаборатории за дигитални иновации во шест региони. Првиот ќе биде во Дизелдорф, Германија, соопшти компанијата.

Преку својата програма за поддршка, Huawei има за цел целосно да го поддржи и создаде екосистемот на иновативни мобилни услуги. Во исто време, сака да им помогне на партнерите во развојот на дигитална иновација во сите области на употреба на паметни уреди, да промовираат употреба на отворени можности и услуги на Huawei и да го поддржат развојот на маркетинг услугите.

Во лабораториите кои Huawei планира да ги отвори оваа година, програмерите и партнерите ќе ги тестираат своите услуги и ќе пронајдат ресурси за нивен развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП