3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел е подготвен за сите исходи од Брегзит

Брисел е подготвен за сите исходи од Брегзит

ЕУ е подготвена на било какво сценарио во врска со планираното излегување на Велика Британија од блокот, изјави германскиот министер за финансии Олаф Шолц.

Тој, по состанокот со британскиот министер за финансии Саџид Џавид во Берлин, истакна дека преостанатите земји членки на ЕУ се обединети и подготвени за какво било сценарио, но дека Брегзит со договор е најдобро решение.

”Другите 27 членки на ЕУ се обединети и подготвени за каков било исход. Најдобар и единствен начин за правилно излегување на Велика Британија е со договорот за Брегзит“, напиша Шолц на Твитер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП