ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИсклучете ја оваа функција на iPhone ако WiFi-то одеднаш стане катастрофално лошо

Исклучете ја оваа функција на iPhone ако WiFi-то одеднаш стане катастрофално лошо

Не ја знаеме причината, но делува.

Многу сопственици на постари iPhone модели забележаа дека нивната WiFi врска работи многу побавно отколку што би требало.

И покрај ефективните решенија за овие ситуации, како што е рестартирање на телефон или WiFi-то, овој проблем и понатаму опстојува.

Тестирање на брзината на мобилниот интернет и достапните WiFi конекции, беше јасно дека нешто не е во ред затоа што WiFi сигналот беше неколку пати полош, иако телефонот беше тестиран недалеку од рутерот.

Сè што треба да направите е да исклучите Bluetooth на телефонот кога користите WiFi.

Иако не успеавме да откриеме како се појавува овој проблем, ако се сретнете и вие со тоа, сега имате решение.

Општо, Bluetooth може да ви биде цело време исклучен, освен ако не користите некој дополнителен гаџет кој на тој начин се поврзува со телефонот.