19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто саудиските кралеви ги нема на списокот на светски милијардери?

Зошто саудиските кралеви ги нема на списокот на светски милијардери?

Иако членовите на кралските семејства во Саудиска Арабија се сигурно на врвот на списокот на најбогати луѓе во светот, нивните имиња сепак не се наведени на ниту еден список на светски милијардери. Причината за тоа е едноставна – нивното богатство е тајна и невозможно е да се пресмета.

Според Bloomberg индексот, во Саудиска Арабија се документирани 15 милијардери, чие вкупно богатство е 63 милијарди долари.

По тој список, најбогат е принцот Алвалед бин Талал со богатство од околу 18 милијарди долари.

Но, Bloomeberg забележува дека станува збор за само мал дел од саудиските богаташи, односно само оние кои ги откриле своите финансии или кои поседуваат некои јавни компании, па е можно да се следи нивното богатство.

На пример, на списоците ги нема најмоќните милијардери, а можеби и најбогатата личност во Кралството, принцот Мухамед бин Салман.

Според медиумските извештаи, Салман неодамна потрошил околу 1,2 милијарди долари на разни луксузни предмети, вклучувајќи и слика на Леонардо Да Винчи која ја платил 450 милиони долари.

Убедливо најмногу пари кралското семејство заработува од нафта, и тоа преку државната компанија Saudi Aramco, најголемата енергетска компанија во светот.

Деловните податоци на оваа компанија не се објавуваат јавно ниту нeкогаш е направен ревизорски извештај.

Според пробните проценки на Bloomberg, приходите на кралското семејство од Aramco изнесуваат повеќе од 260 милијарди долари.

Но, во буџетот не е наведено како тие се делат па е невозможно да се открие кој член всушност добива.

Кралското семејство заработува и од соработкаta со странски компании кои се агенти или „тивки партнери“ на саудискиот пазар.

Семејството заработува и од развој и трговски недвижнини, каде работата го олеснува пристапот што го има до државните банки од кои позајмува пари за проекти.

Интересно е што во Саудиска Арабија не е тајна само богатството на кралското семејство, туку и на обичните граѓани.

Во оваа држава нема данок на богатство па со самото тоа нема ни обврски за нивно пријавување.

Некои од милијардерите се откриени за време на неодамнешната антикорупциска кампања во Саудиска Арабија.

Така, на пример, принцот Митеб бин Абдула, поранешен началник на Националната гарда, плати пред три недели повеќе од милијарда долари за да биде ослободен.

Неговото име не се наоѓа на ниту еден список на милијардери, ниту се знае од каде потекнуваат парите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП