26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple го зголеми бројот на работни места: Речиси 2,5 милиони американци работат...

Apple го зголеми бројот на работни места: Речиси 2,5 милиони американци работат кај нив

Американскиот Apple е директно или индиректно одговорен за 2,4 милиони американски работни места, соопшти денес компанијата.

Тоа е за 20 проценти повеќе од проценката на Apple за 2017 година, кога таа компанија беше одговорна за два милиони работни места.

Производителот на популарниот iPhone соопшти дека неговата директна работна сила пораснала од 80.000 на 90.000 луѓе во рок од две и пол години, односно од последната проценка, објави агенцијата Reuters.

Меѓутоа, најголем дел од проценетиот раст се должи на компании како што е Broadcom кој во САД произведува делови за Apple производи и трети производители на софтвер кои прават апликации за Apple уредите.

Британската агенција потсетува дека Apple се соочува и со критики, вклучително и осудата од страна на американскиот претседател Доналд Трамп поради ангажирање фабрики во Кина за склопување на поголем дел од своите производи. Apple на тоа реагираше сп изјава дека во 2018 година потрошила 60 милијарди долари на производи и услуги на американски добавувачи и дека планира да го зголеми на 350 милијарди долари до 2023 година.

Компанијата Apple во декември минатата година објави дека ќе потроши милијарда долари за изградба на нов кампус во Остин, Тексас, во кој ќе се вработат до 15.000 вработени и дека ќе се отворат директни работни места во Сиетл, Сан Диего и Калвер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП