5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогат е секој кој има месечна плата поголема од 3.440 евра

Богат е секој кој има месечна плата поголема од 3.440 евра

Секој што има месечна плата поголема од 3.440 евра во Германија е официјално богат, според истражувањето на деловниот институт во Келн.

Споменатата сума на нето заработка, по одземањето на даноците и давање на државата, иако се чини дека не е претерано голема, е достапна само за секој десетти германец.

Оваа граница на богатство важи само за сингл, а ако зборуваме за домаќинство без деца, односно за брачна двојка, лимитот на богатство е 5.160 евра, или нешто повеќе од 2.550 евра по човек, пренесува Загребскиот весник „Večernji list“.

Причината е што во едно домаќинство одредени трошоци се плаќаат по единствена цена, без разлика колку членови ја користат услугата – како што е интернетот, греење или изнајмување стан.

Сепак, како што е наведено, скоро никој од оние со плата поголема од 3.500 евра не се смета за богат, туку само член на средната или, во најдобар случај, горната средна класа.

Вистинските луѓе од средната класа, кои добиваат околу 1.870 евра месечно, честопати сметаат дека се луѓе на работ на сиромаштијата. Сепак, оваа месечна просечна плата во Германија од 1.869 евра ја земаат половина од вработените во таа земја, а другата половина добива повеќе.

Најчестите плати на Германците се помеѓу 1.300 евра(за жени) и 1.600 евра(за мажи) месечно. Факултетски образованите луѓе се просечно подобро платени, околу 2.540 евра, сума недостижна за две третини од населението во земјата.

На ниво на прагот на богатството може да се види разликата помеѓу Западна и Источна Германија. Во поранешна Источна Германија, нивото на богатството е пониско и изнесува 2.839 евра, што е висина на плата што ја прима само секој десетти германец во областа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП