29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИViacom и CBS најавуваат спојување во медиумска мега компанија

Viacom и CBS најавуваат спојување во медиумска мега компанија

Медиумските гиганти CBS и Viacom најавија деловно спојување за да се прилагодат на променливите барања на клиентите и да се натпреваруваат поефикасно со Netflix и другите медиумски компании.

Новата компанија ќе има 28 милијарди долари приход и ќе вклучува брендови како MTV, Comedy Central и Paramount Pictures.

Одлуката за спојување, временски се совпадна со жестоката конкуренција во сектор во кој денес доминираат Netflix и Disney-Fox, забележува BBC.

ViacomCBS ќе биде контролирана од холдинг компанијаta National Amusements чии сопственици се милијардерот Самнер Редстон и неговата ќерка Шери. Редстон пред 14 години го оддели Viacom од CBS во обид да го искористи неговиот потенцијал, бидејќи во тоа време Viacom за разлика од CBS забележа пораст на гледаноста.

Претседател и извршен директор ViacomCBS ќе биде сегашниот извршен директор на Viacom, Боб Бакиш, а привремениот извршен директор на CBS, Џо Јаниело, ќе биде именуван за извршен директор и главен директор на CBS.

Во Viacom и CBS очекуваат спојувањето да заштеди околу 500 милиони долари.

Покрај матичната САД, новата компанија ќе биде претставена, меѓу другото, и во Велика Британија, Аргентина и Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП