10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАстероид со големина на Кеопсовата пирамда ќе прелета покрај земјата

Астероид со големина на Кеопсовата пирамда ќе прелета покрај земјата

Изгледа дека овој август ќе биде месец исполнет со астероидни летови во близина на Земјата. Пред само неколку дена, НАСА објави дека огромно небесно тело, „поголемо од зградата на “Емпајер стејт“ ќе помине покрај нашата планета.

Во меѓувреме, исто така, објавено е дека друг огромен астероид, наречен OU1, ќе се приближи кон Земјата на 28 август, на оддалеченост од само 0,00687 астрономски единици (повеќе од еден милион километри), откриваат научниците од лабораторијата за млазни авиони на НАСА.

Се проценува дека астероидот широк околу 150 метри ќе се движи кон нашата планета со брзина од 13 километри во секунда.

Пред само неколку недели, астероидот по име ОК 2019, со слична големина, се протна на само една петтина од оддалеченоста од Месечината.

Се верува дека огромниот астероид, кој бил забележан само кога ја допрел орбитата на Земјата, имал моќ на атомска бомба способен да срамни еден град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП