28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДанската Nordea Bank Abp понуди станбени кредити без камата

Данската Nordea Bank Abp понуди станбени кредити без камата

Една банка во Данска, направи, до вчера нешто незамисливо – станбени кредити без камата.

Германски Der Spiegel извести дека Nordea Bank Abp објавила дека започнува понуда на кредити за купување недвижен имот со камата од 0 (нула) проценти.

Понуда со фиксна рата за отплата се нуди на 20 години. На пример, за хипотекарен кредит во траење од 30 години каматата би била само 0,5 проценти.

Објавата дојде откако Jyske Bank A/S објави дека ќе понуди кредити на десет години со негативна каматна стапка од половина процент. Тоа всушност значи дека на купувачот му се даваат пари ако тој одлучи да ги инвестира во недвижнини. Односно, со земање на кредит за стан купувачот како да вложил пари во заштеди со каматна стапка од 0,5 проценти.

”Никогаш не било поевтино да се задолжуваш. Очекуваме дека ова ќе придонесе за зголемување на цените на недвижностите“, изјави Лисе Нитофт Бергман, главна аналитичарка во секторот за станбено кредитирање на Nordea Bank.

Ја пренесе и негативната страна на целата приказна.

”Ова е одлично за клиентите, но навистина е непријатно да се знае дека има финансиски институции подготвени да позајмуваат пари без заработка“, изјави Бергман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП