25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп се предомисли: Нема ништо од укинувањето на сакциите на кинескиот гигант

Трамп се предомисли: Нема ништо од укинувањето на сакциите на кинескиот гигант

Американските технолошки компании кои се надеваат дека наскоро ќе ја продолжат продажбата на Huawei можеби ќе треба да почекаат.

Белата куќа планира да ја одложи одлуката за доделување дозволи што ќе им овозможат на американските компании продажба на кинеската компанија Huawei, објави Bloomberg.

Toa доаѓа по прекинот на огнот меѓу САД и Кина – Кина во понеделникот престана да купува американски земјоделски производи, а стравувањата ескалираа од можната валута војна меѓу двете држави.

Ова е уште еден удар за технолошките компании погодени од новото зголемување на тарифите на кинеската стока, кој минатата недела го најави претседателот Доналд Трамп.

Министерството за трговија соопшти дека не може да ја потврди веста за лиценца и одби да коментира, објави CNN Business.

Министерот за трговија Вилбур Рос претходно изјави дека одлуките за повеќе од 50 апликации за лиценци добиени од одделот може да започнат оваа недела.

Кинескиот технолошки гигант стана чип на договарање во американско-кинеската трговска војна.

Во мај, администрацијата на Трамп, Huawei го стави на својата црна листа, ограничувајќи ги американските компании да продаваат без специјална дозвола.

Таа акција му наштети на Huawei кој многу се потпира на производи од американски добавувачи како што се Intel и Google, особено поради својот доминантен бизнис на смартфони.

Тоа исто така штети на продажбата и на некои американски технолошки компании на кои Huawei е главен купувач.

Американските технолошки компании ја повикаа Белата куќа да им овозможи да продолжат со продажбата, а некои пронајдоа начини повторно да работат со Huawei без да ги прекршат ограничувањата на црната листа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП