5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПротекоа податоци на корисниците на Instagram, една американска компанија веќе ги употребила

Протекоа податоци на корисниците на Instagram, една американска компанија веќе ги употребила

Една маркетинг компанија искористила и собрала лични податоци од корисниците на Instagram, социјална мрежа која е во сопственост на Facebook.

Hyp3r, стартап од Сан Франциско, неовластено собрал податоци од корисниците на Instagram, вклучувајќи фотографии, информации од профили како и посетени локации. Тие информации, се верува, планирале да ги искористат за да таргетираат луѓе за реклами.

Меѓу податоците до кои дошле се оние и од стори, кои исчезнуваат по 24 часа и не би требало да бидат достапни на некоја трета страна.

Instagram издаде официјално соопштение во кое се вели дека ова се случило неовластено како и дека Hyp3r добил забрана за користење на нивната мрежа.

Овој инцидент многу потсетува на март 2018 година и целиот случај за скандалот со Cambridge Analytica, кога оваа консултантска компанија дошла до податоците на 87 милиони корисници на Facebook без нивна согласност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП