15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПаднаа акциите на Adidas

Паднаа акциите на Adidas

Германскиот производител на спортска опрема Adidas објави разочарувачки резултати од продажбата во вториот квартал, но потврди дека очекува закрепнување во второто полугодие, откако е прекинат падот на продажбата во Европа.

Акциите на Adidas, кои во последните недели закрепнаа со надеж дека компанијата може да ги подобри своите прогнози, паднаа за повеќе од еден процент, пренесува агенцијата Reuters.

Приходите на компанијата од продажбата се зголемија во вториот квартал за четири проценти на 5,51 милијарди евра, што е нешто пониско во однос на просечните прогнози на аналитичарите од 5,54 милијарди евра.

”Се соочуваме со забрзана продажба во третиот и четвртиот квартал. Значи, ние сме задоволни од резултатите“, изјави извршниот директор на компанијата Каспер Рорстед, за CNBC.

Во Adidas се уверени дека продажбата ќе се зголеми во второто полугодие, поради што тие ја потврдија прогнозата за пораст на приходите за 2019 година помеѓу пет и осум проценти, и нето добивка помеѓу 1,88 до 1,95 милијарди евра.

Исто така, продажбата на брендот Reebok, кој е во сопственост на Adidas, се зголеми за три проценти, особено во Северна Америка, каде тој бренд забележа раст од 10 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП