12 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 08.08.2019

Дневен хороскоп 08.08.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некои сомнежи од минатото повторно се присутни. Ќе бидете притаени и постојано ќе размислувате. Можеби ви се потребни одговори на некои прашања од минатото. Доколку сте во брак или врска, покажете поголемо разбирање за психичката отсутност на партнерот.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Понекогаш различните обврски можат да бидат товар, но тоа не е оправдување за неодговорно завршената работа. Обидете се да поттикнете кај себе поголема одговорност. Во семејните односи покажете повеќе доверба. Секому му е потребна емотивна поддршка.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вашето расположение се подига па ќе имате можност за некои нови и интересни познанства. Нема потреба да одржувате илузии и занес кон личност која не ја познавате доволно. Бидете трезвени и одете чекор по чекор со двете нозе на земја.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем. Имате премногу обврски и не можете да ги следите вашите соработници. Очекувате дека сакана личност ќе заземе некаква заштитничка улога. Наместо тоа, застанете на свои нозе.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Околностите ќе ве наведат на некои несоодветни потези за кои нема да имате објаснување. Денес избегнете ги критиките, затоа што и вие ќе ги бирате полесните опции. Потребна ви е сериозна дискусија на љубовен план, толеранцијата не ве води никаде. Намерите на некој Бик следете ги внимателно.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Задлабочени сте во вашите лични реалности, а во исто време се обидувате да ги завршите секојдневните обврски и задачи. Работите ќе се одвиваат едноставно и без многу напор од ваша страна. Вашиот живот овој ден ќе биде богат и променлив.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Веројатно малку ќе се оддалечите од саканата личност. Ова заладување нема сериозно да го сфатите, ќе го надминувате со хумор и позитивен став. Хуморот во секој случај е здрав, но внимавајте да не претерате со шегите на туѓа сметка.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Потребно е да испланирате различни детали кои делуваат позитивно на околината. Доколку имате сериозна врска потребно е да се ослободите од непотребната недоверба или од емотивната кочница која вас ве спречува во слободното изразување. Потпрете се на својата интуиција.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате претчувство дека вашите соработници имаат доволно доверба во вашето знаење или способности. Разубавете го вашиот љубовен живот, потрудете се да делувате доволно занесно и привлечно на саканата личност. Понекогаш треба да се препуштите на ритамот на чувствата без премногу емотивни кочења и предрасуди.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не дозволувајте некој неправедно да ве критикува или да ги забавува вашите работни резултати потрудете се да ја контролирате вашата суета. Наместо да се натпреварувате и да ги надмудрувате односите со соработниците, применете го својот стил на однесување.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Помали проблеми можат да се јават поради одредени нешта од минатото. Обидете се проблемите да ги решите на мирен начин, за да продолжите понатаму без непотребно оптеретување. Влегувате во понеповолна фаза во која ќе пропуштите неколку шанси.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе имате доста работа и обврски, а вие ќе уживате во се што ќе работите. Некои од вас ќе бидат преокупирани со средувањето на љубовните проблеми. Личноста со која сте во врска ќе направи се за да ве израдува. Треба да го цените тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП