29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈапонците ја поместија границата: Достигнаа десет пати поголем оперативен профит

Јапонците ја поместија границата: Достигнаа десет пати поголем оперативен профит

Јапонскиот Toshiba објави десеткратен раст на оперативниот профит во првиот фискален квартал, благодарение на спроведувањето на мерките за намалување на трошоците.

Оперативната добивка на електронската компанија во периодот април-јуни достигна 7,8 милијарди јени (73,49 милиони долари), во однос на 730 милиони јени од истиот период минатата година, се вели во соопштението за Toshiba, објави агенцијата AP.

Тоа е, сепак, малку пониска добивка во однос на просечната прогноза на тројцата аналитичари анкетирани од Refinitiv, а кои предвидуваа профит од 11,63 милијарди јени.

Toshiba исто така ја одржуваше својата годишна прогноза за профит на 140 милијарди јени, во согласност со целта која компанијата ја постави во својот петтгодишен план.

Јапонскиот конгломерат, според Reuters, ги консолидирал своите фабрики, елиминирал голем број работни места, гo подобрил методот на набавки за да го надомести отуѓувањето на својата компанија за производство на чипови, која минатата година ја продаде за да ја ”пополни дупката” во билансот од повеќе милијарди долари поради падот на неговата нуклеарна единица во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП