26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдложени летови: Неисправни компјутери предизвикаа хаос на аеродромите

Одложени летови: Неисправни компјутери предизвикаа хаос на аеродромите

Британската компанија British Airways откажа десетици летови од аеродромот во Лондон, откако системот за чекирање на билети го погоди проблем со компјутерите.

Компанијата соопшти дека системскиот проблем е предизвикан од одложување и откажување на летовите од аеродромите Heathrow, Gatwick и London City, објави AP.

Откажани се 81 летови до и од Heathrow, додека на Gatwick откажани се 10 летови, а повеќе од 200 се преместени.

Компанијата изјави дека патниците можат повторно да резервираат билет за некој друг ден. Во мај 2017 година, имаше сличен проблем кога компанијата исто така имаше проблем со компјутерите и тоа траеше три дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП