25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо стечај оди компанијата која го направи Титаник

Во стечај оди компанијата која го направи Титаник

Компанијата Harland & Wolff позната како легендарниот бродоградител на Титаник, мора да поднесе барање за банкрот.

Компанијата чиј жолт кран со децении виси над контурите на северниот ирски град на Белфаст и која во почетокот на 20 век вработуваше повеќе од 30 000 луѓе, веќе некое време е во криза.

Гавин Робертсон, член на Демократската унионистичка партија (DUP), изјави за BBC дека краткорочно решение станува сè помалку веројатно, иако се ”повлечени сите политички чекори“.

Многу од останатите вработени чекаат пред вратата на бродоградилиштето од минатата недела, надевајќи се за спас во последен момент.

Меѓутоа, немаше решенија, матичната компанија Dolphin Drilling од Норвешка не успеа да најде купувач за традиционалната компанија.

Во Harland & Wolff основана во 19 век , изграден е легендарниот луксузен брод „Титаник“, кој потона во 1912 година по судир со санта мраз. Во бродската катастрофа загинаа над 1.500 луѓе.

За време на Втората светска војна во бродоградилиштето биле создадени речиси 150 воени бродови. Неодамна компанијата била вклучена во изградба на ветерни турбини и други проекти за поморска технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП