8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕколошките хартиени сламки од McDonald's сепак не можат да се рециклираат

Еколошките хартиени сламки од McDonald’s сепак не можат да се рециклираат

Хартиените сламки кои се воведени во рестораните на McDonald’s се претставени како еколошки. Сепак, тие не можат да бидат рециклирани.

Од компанијата велат дека хартијата од кои се направени сламките може да се рециклира, но дека тоа е неизводливо поради нивната дебелина.

Тие ги заменија пластичните сламки со хартиени во рестораните во Велика Британија и Ирска минатата есен. Некои клиенти не беа задоволни од новите сламки бидејќи се растварале во пијалоците. Особено тешко било да се пие милкшејк.

„Со цел да им излеземе во пресрет на клиентите, ја зајакнавме хартијата од кои се направени сламките, така што и понатаму може да се рециклира, но нејзината дебелина тоа не го дозволува“, изјави портпаролот на компанијата McDonald’s.

Тој додаде дека тие работат на изнаоѓање решение и дека за сега ги советуваат клиентите да ги фрлаат хартиени сламки со општиот отпад.

„Отпадот од нашите ресторани не оди на депонии, туку се користи за производство на енергија“, велат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП