18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија: Излегуваме на 31 октомври, нема ''иако'' и ''ако''

Британија: Излегуваме на 31 октомври, нема ”иако” и ”ако”

Велика Британија ќе ја напушти Европската унија на 31 октомври, без оглед на се, изјави портпаролката на британскиот премиер Борис Џонсон.

Портпаролот исто така изјави дека Велика Британија ќе продолжи да се труди со колегите во Европската унија да побара договор за излез, како и дека владата се надева дека блокот ќе го промени својот став за таканаречената ирска заднина, објави Reuters.

”Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври без оглед на последиците. Не постои ”ако” или ”иако“. Мораме да ја вратиме довербата во нашата демократија и да ги испорачаме ветувањата дадени пред граѓаните. Политичарите не можат да изберат чии гласови треба да се исполнат. Тие се обврзаа дека ќе ги почитуваат резултатите од референдумот и тоа мораме да го сториме“, изјави портпаролот.

Од друга страна портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева, изјави дека ЕК е отворена за разговори со британскиот премиер Борис Џонсон, со цел да се избегне тежок Брегзит што може да предизвика голем економски пад.

Сепак, како што изјави, договор меѓу Британија и ЕУ за Брегзит е веќе постигнат.

”Но, ние сме отворени за разговор со политичката декларација“, изјави Андреева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП