25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската војна меѓу САД и Кина предизвика најостар пад на азиските берзи...

Трговската војна меѓу САД и Кина предизвика најостар пад на азиските берзи во изминатите девет месеци

Азиските индекси имале најостар дневен пад во изминативе девет месеци поради обновените кинеско-американски трговски тензии. Јуанот потона на најниско ниво во текот на повеќе од една деценија. Инвеститорите сигурно засолниште пронајдоа во јените, обврзниците и златото.

MSCI Asia Pacific Index потона за 2,2 проценти на најниско ниво од јануари. Кинескиот bluechip индекс CSI300 падна за 1 процент, додека корејскиот Kospi потона за 2,1 процент, на најниско ниво од декември 2016 година.

Пазарите ги тресеа најновите закани за царината врз увозот на кинески производи, па инвеститорите побараа засолниште зад јапонскиот јен, кој во такво опкружување се засили на највисоко ниво во последните пет недели во однос на доларот и на највисоко ниво за две и пол години спрема фунтата.

Американскиот претседател изјави дека на 1 септември ќе наметне 10 проценти царина на стоковниот увоз од Кина вреден 300 милијарди долари, откако американските преговарачи се вратија од трговските разговори во Шангај и објавија дека напредок не е постигнат. Трамп тврдеше дека Кина не ги исполни ветувањата што ги даде во претходните преговори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП