13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка АД Скопје со повисока добивка за 77,3% во однос на...

ТТК Банка АД Скопје со повисока добивка за 77,3% во однос на лани

Во првото полугодие од 2019 година, ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување. Во анализираниот период Банката ги оствари планираните оперативни и финансиски цели, при што е зачувана висока ликвидност, стабилност и солвентност.

Во периодот 1.1.2019 – 30.6.2019 година, преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредноста во износ од 104,6 милиони денари како резултат на остварените опeративни приходи во износ од 258,8 мил. денари и остваренитe оперативни трошоци во износ од 154,2 мил. денари. Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансната изложеност на нето-основа изнесува 47,4 милиони денари.

Финансискиот резултат за периодот јануари – јуни 2019 година е позитивен и изнесува 56,7 милиони денари, што е за 77,3% повисок од добивката од истиот период минатата година.

Зголемениот резултат се должи пред сè на успешното редовно работење и управување со активата и пасивата на Банката, спроведувањето на целите зацртани со деловната политика, контролата на оперативните трошоци и ефикасното управување.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП