20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаправете го вашиот iPhone во 3D камера

Направете го вашиот iPhone во 3D камера

poppy-iphone-3D

3D револуцијата е пред нас. Слики,филмови, весници…., но 3D камера отсега можеме да имаме и на мобилниот телефон. Се што ви е потребно е „Poppy“.

„Poppy“ е името на додатокот на „iPhone“ кој го смислиле двајца дизајнери од Сиетел. Овој додаток вашиот паметен телефон ќе го претвори во 3D камера.

Уредот прави 3D фотографии или видео снимки така што ги спојува двете стереографски слики преку камерата на „iPhone“ . За „Poppy“ не ви се потребни батерии за да функционира, затоа што внатре во овој уред нема никаква електроника.

Интересно е тоа што „Poppy“ може да се користи за правење 3D фотографии и снимки, но и за гледање на 3D видеа на „Youtube“.

„Poppy“ работи на „iPhone“ 4, 4ѕ и 5, како и на петата генерација на „iPod Touch“, а двајцата дизајнери работат и на апликација за „iOS“.

Оние кои преку „Kikstarter“ ќе се вклучат во донациите за развојот на оваа направа ќе можат да ја добијат за само 30 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП