19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаѓаат каматите: полесно и поевтино до кредит

Паѓаат каматите: полесно и поевтино до кредит

Просечната камата во вториот квартал од 2019-та била 5.21%, во 2018-та 5.61%, во 2017-та 6.01%, во 2016-та 6.40%, во 2015-та 6.85%.

Продолжува падот на каматите

Продолжува падот на каматите. За една година се намалиле за 0.4 процентни поени и заклучно со јуни просечната стапка на вкупните кредити била 5.21%.

Ова е продолжение на континуираниот тренд кој трае подолг време. Просечната камата во вториот квартал од 2019-та била 5.21%, во 2018-та 5.61%, во 2017-та 6.01%, во 2016-та 6.40%, во 2015-та 6.85%.

Заклучно со вториот квартал од годинава каматната стапка на денарските кредити во просек изнесувала 5.67%, а на оние со девизна клаузула била 4.65%.

Најниски камати имаат станбените кредити (4.05%), а кредитите за други намени (6.45%) и потрошувачките (7.02%).

Најниски камати на кредитите имаат банките со средна големина, 5.13%. Големите во просек имаат стапка од 5.17%, малите од 5.79% а штедилниците од 9.17%.

Ново одобрените кредити имаат поповолни услови од постарите. Така кредитите кои биле одобрени во вториот квартал од годинава имале просечна каматна стапка од 4.70%.

Непроменета основна каматна стапка

Основната стапка од која зависат и каматите на кредитите во моментот е поставена на 2.25% откако во неколку наврати Народната Банка ја намали што резултираше со релаксирање на политиките на комерцијалните банки.

„Монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при здрави економски основи, поволна надворешна позиција на економијата, стабилни очекувања на економските субјекти и отсуство на нерамнотежи“ се наведува во најновиот Квартален извештај на Народната банка.

Највисоки камати во Аргентина и Турција, најниски во Финска и Јапонија

Ако се спореди со светот, Македонија е некаде на средина во однос на висината на каматните стапки. Според глобалната база на податоци Numbeo највисока камата за станбен кредит плаќаат жителите на Аргентина, фантастични 38.32%. Следуваат Турција со 21.95%, Иран со 19.99%, Украина 19.73%, Узбекистан 18.91%.

Најниски камати имаат Јапонија со 1.42%, Финска со 1.46% и Швајцарија со 1.60%.

Во регионот највисоки камати има Црна Гора 6.39%. Следуваат Косово 5.32%, Албанија 5.27%, Босна 5.17%, Грција 4.87%, Бугарија 4.22%, Србија 3.94%.

На оваа листа просечната камата на хипотекарните кредити во Македонија е проценета на 5.88%.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП