среда, јануари 19, 2022
ПочетнаКОМПАНИИКозметичкиот гигант има сериозни падови во продажбата, а се поради овој моден...

Козметичкиот гигант има сериозни падови во продажбата, а се поради овој моден тренд

Продажбата на жилети одеднаш опадна.

Компанијата Procter & Gamble соопшти дека и покрај растот на продажбата, вториот квартал го заклучила со загуба од 5,2 милијарди долари поради големото намалување на вредноста со бизнисот со жилети.

Компанијата која се занимава со продажба на стока за широка потрошувачка, соопшти дека приходите во последниот квартал пораснале за 3,6 проценти на 17,1 милијарди долари, при што растот е остварен во четири од пет деловни сегменти.

Намалувањето на деловната вредност во Gillette сегментот доаѓа како последица на ослабување на продажбата во сегментот за нега последните неколку години. Трошокот на таа намалена вредност изнесува 8 милијарди долари.

Компанијата ја истакна големата социјална популарност на брадите и мустаќите, а бизнисот е дополнително погоден и од појавата на нови конкуренти на развиените пазари, како што се Harry’s и Dollar Shave Club, фокусирани на интернет бизнисот.

Главниот финансиски директор на P&G, Џон Милер, за отписот изјави дека е воден од правилата за сметководство и истакна дека сегментот за нега, кој ги вклучува најмногу глобалните производи на таа компанија останува долгорочно одржлив бизнис.

„Сегментот на производи за нега и понатаму останува многу привлечен бизнис“, изјави Џон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,744фановиЗаследи
2,161следбенициЗаследи
1,419следбенициЗаследи