7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG ги заштити имињата за телефонот кој се витка

LG ги заштити имињата за телефонот кој се витка

На компанијата LG пред некое време и е одобрен патент за паметно пенкало со дисплеј кој се витка. Сега, Јужнокорејската канцеларија за интелектуална сопственост одобрила трговска марка за името LG Rolling. Компанијата исто така во април поднесе неколку барања за заштита на имиња, кои приближно делуваат како имиња за телефони кои се виткаат.

The Roll, Bi-Roll, Dual Roll, E Roll, Singature R, R Screen, R Canvas, Roll Canvas и Rotolo се некои од можните имиња за идниот уред на компанијата LG, кои ќе бидат достапни со LG Rolling трговска марка.

Списокот на Јужна Кореја го класифицира уредот како Класа 9, а овие уреди вклучуваат мобилни телефони, LED дисплеи, монитори, преносливи уреди и друго. Со оглед на тоа што LG во минатото претстави телевизор кој може да се витка, само е прашање на време кога компанијата на пазарот ќе пласира телефон со истата функција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП