4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНад 100.000 телефони Honor 9X продадени за две минути

Над 100.000 телефони Honor 9X продадени за две минути

Долгоочекуваниот телефон Honor 9X за прв пат вчера беше достапен за купување, една недела по официјалното претставување во Кина.

Првата ”flash” продажба е исто така одржана во Кина, а покажала екстремна популарност на уредот. Според наводите на Honor, Honor 9X оствари заработка од 200 милиони јуани (околу 29 милиони долари) за само две минути. Тоа значи дека во наведениот период се продадени над 100.000 телефони (ако знаеме дека најскапиот модел чини околу 276 долари).

Во споредба со резултатите кои ги постигна Honor 8X, првата брзинска продажба на Honor 9X имала зголемување од 200 проценти во приходите од продажба. Ова на телефонот му донесе и титула најбрзо продаван телефон во комплетната X серија досега.

Останува да се види дали Honor 9X ќе успее да ја надмине продажбата од два милиони модели, колку што Huawei Nova 5 серијата постигна за еден месец по објавата. Вториот модел од серијата, Honor 9X Pro, ќе се најде на пазарот од 9 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП