27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ ова е екологија: Ги исфрлаат малите шампони од хотелите

И ова е екологија: Ги исфрлаат малите шампони од хотелите

Сопственикот на хотелот Holiday Inn и InterContinental објави дека речиси 843.000 соби во тие хотели се префрлаат на големи пакувања за хигиена и козметика во нивните бањи во обид да ја намалат количината на отпадот.

Борбата да се спаси морето од пластичен отпад може ќе означи и крај на шишенцатаа шампон и други козметички и хигиенски средства кои гостите на хотелот сакаат да ги однесат дома во своите куфери, објави AP.

Првиот чекор го направи хотелскиот ланец Holiday Inn и InterContinental.

Главниот директор на InterContinental Group (IHG) Кит Бар, изјави дека преминувањето на поголеми пакувања за тие производи во нивните повеќе од 5.600 хотели ширум светот е голем чекор во вистинска насока и дека таа промена ќе допринесе да се намали отпадот.

IHG користи во просек 200 милиони минијатурни шишиња за бања годишно. Транзицијата според планот ќе биде завршена во 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП