19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГолем пад на продажбата на автомобили во светот

Голем пад на продажбата на автомобили во светот

Во првата половина од оваа година во светот се продадени 7,1 проценти помалку автомобили отколку во истиот период минатата година.

Според податоците на VDA и ACEA, речиси сите значајни пазари се во пад, а раст е забележан само во Бразил.

Во Европа оваа година се продадени 3,1 проценти помалку автомобили, но во Кина се случила вистинска катастрофа бидејќи таму оваа година се продадени 14 проценти помалку автомобили.

Конкретно, во Кина се продадени дури 1,6 милиони автомобили помалку, што би можело да предизвика големи проблеми за скоро сите производители кои многу инвестирале во Кина последниве години очекувајќи брз раст на продажбата.

Уште една лоша вест е големиот пад во Индија за 10,3 проценти бидејќи токму Индија покрај Кина го поддржува растот на глобалната автомобилска индустрија.

Намалена е побарувачката за автомобили и во САД, Русија, Јапонија и други земји.

Во Европа се забележани значителни падови на пазарот, а најмногу во Скандинавија.

Голем раст забележа само Литванија и Романија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП