3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Alfabet зголемени за 19 проценти

Приходите на Alfabet зголемени за 19 проценти

Акциите на американската компанија Alfabet се зголемија за околу осум проценти, бидејќи нејзините квартални резултати ги ублажија загриженостите на инвеститорите во врска со предизвиците со кои се соочува рекламниот сектор на Google.

Нето добивката на Alfabet во вториот квартал од 2019 година се зголеми на 9,95 милијарди долари или 14,21 долари по акција, во однос на 3,2 милијарди долари или 4,54 долари по акција една година претходно, кога компанијата, исто така, го регистрираше трошокот од пет милијарди долари поврзан со казнувањето на европските регулатори за злоупотреба на доминантната позиција на сопствениот мобилен оперативен систем Android, објави Reuters.

Kомпанијата Alfabet, која околу 85 проценти од приходите генерира од продажбата на рекламен простор и рекламната технологија, остварила вкупен приход во вториот квартал од 38,9 милијарди долари, што е за 19 проценти повеќе во однос на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП