19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајсреќните луѓе живеат во Финска, Северна Македонија на 84. место

Најсреќните луѓе живеат во Финска, Северна Македонија на 84. место

Според светскиот извештај за среќа “World Happiness Report”, кој секоја година го прават Обединетите нации, најсреќните луѓе во светот живеат во Финска.

Според оваа листа, од останатите земји во регионот состојбата е: Словенија е на 44 место, Косово на 46, Србија на 70, Хрватска на 75 место, Босна и Херцеговина е 78 место.

Нашата земја се наоѓа на 84 место на листата и е меѓу најнесреќните земји во регионот.

При изготвувањето на листата се зема предвид, меѓу другото, БДП по глава на жител, социјална поддршка, очекуваниот животен век, слобода во донесување на животни одлуки, великодушност и перцепција за корупција.

Во првите пет најсреќни, покрај Финците, влегоа и Данците, Норвежаните, Исланѓаните, како и Холанѓаните.

Меѓу најнесреќните земји се Јужен Судан, Централноафриканска Република, Танзанија и Авганистан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП