17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКатастрофална загуба на Tesla, акциите паднаа над 10 проценти

Катастрофална загуба на Tesla, акциите паднаа над 10 проценти

Производителот на електрични автомобили Tesla ги вознемири инвеститорите со објавување на неочекуваната голема загуба во вториот квартал од 2019 година.

Компанијата забележа нето загуба од 408 милиони долари, вклучувајќи ги 117 милиони долари за реструктуирање и други трошоци, а тие новости ги соопшти на акционерите во средата преку писмо.

Акциите на Tesla паднаа за повеќе од 10 проценти во попладневните часови. Иако инвеститорите очекуваа загуби, но резултатите беа многу полоши отколку што се очекуваше, изјавија аналитичарите.

Производителот на автомобили, со кој управува контроверзниот претприемач Елон Маск, изјави дека во вториот квартал забележал рекордна испорака од 95.356 возила и рекордно производство од 87.048 возила, оценувајќи го како “важна пресвртница која претставува брз напредок во управувањето со глобалната логистика и операции за испорака на големи количини”.

Производителот на автомобили потврди дека е на добар пат во Кина до крајот на годината да започне со производство на електричното возило Модел 3, додека до есен 2020 година во калифорнискиот Фермонт да започне производство на автомобилот Модел Y.

Модел 3 е првиот Tesla автомобил кој е насочен на масовниот пазар и е важен во напорите на компанијата да генерира приходи за отплата на инвеститорите и поттикнување на развојот на другите електрични возила.

Компанијата соопшти дека е на пат да го исполни својот целен опсег од 360.000 до 400.000 испорачани автомобили оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП