22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританскатa Barclays банка превзема дел од работењето на Deutsche Bank

Британскатa Barclays банка превзема дел од работењето на Deutsche Bank

Barclays се обидува да преземе 20 милијарди долари вреден дел од Deutsche Bank, изјавија извори на Reuters, со план да станe водечка европска инвестициона банка и посилно да се натпреварува со американските ривали.

Водечкиот германски кредитор изјави на 7 јули дека тргувањето со своите акции ќе се спроведе како дел од големото реструктуирање, и дека со BNP Paribas потпишал прелиминарен договор кој ќе служи на клиентите за примарните финансии и електронските акции кои се погодени од планот.

Меѓутоа, некои клиенти на Deutsche Bank бараат алтернатива за пренос на нивниот бизнис во француската банка, велат извори запознаени со ова прашање.

“Не е неочекувано и сосема е природно дека некои клиенти ќе сакаат да ги пренесат депозитите на други даватели на услуги како привремена мерка, додека нашите разговори со BNP Paribas се во тек”, изјави портпаролот на Deutsche Bank.

“Нашите разговори со BNP Paribas добро напредуваат и уверени сме дека балансот ќе се врати кога ќе се заврши работата “.

Клиентскиот бизнис вреден 20 милијарди американски долари во поглед на Barclays вклучува околу 10 милијарди долари со еден клиент со кого веќе има врска и кој одлучи да ги пренесе своите активности во британската банка по вестите за плановите на Deutsche Bank да се откаже од тргувањето со акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП