9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДанок од реструктуирањето: Deutsche Bank во минус неколку милијарда евра

Данок од реструктуирањето: Deutsche Bank во минус неколку милијарда евра

Германската Deutsche Bank во вториот квартал оствари загуби во висина од 3,15 милијарди евра.

Според германски Bild, за загубите постојат, добри причини, а тоа е радикалното реструктуирање на банката, објавенo порано од страна на шефот на банката, Кристијан Севинг.

Со ова реструктуирање билансот на банката е оптоварен за 3,4 милијарди евра, изјави Севинг.

“Без овој товар Deutsche Bank би остварила профит”, објаснува Севинг.

Без трошоците за реструктуирање, приходот, без данокот, ќе изнесува 231 милиони евра. Приходите на банката паднаа за шест проценти, а загубата е поголема отколку што беше најавено на почетокот на јули кога беше проценето дека ќе изнесува околу 2,8 милијарди евра, потсетуваат медиумите.

Пред се, тргувањето со акции и хартии од вредност донело помалку приходи.

Повеќе од 900 вработени во Deutsche Bank добија известување во последниве неколку денови, дека им се раскинува договорот за работа или им се укинува работното место. Први кои беа отпуштени беа вработените во Лондон и Њујорк, а и во Германија е планирано значително намалување на вработените.

Новата стратегија, за која Севинг доби зелено светло, предвидува намалување на ризикот и поголем фокус на клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП