19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba ја отвара вратата за американските производи

Alibaba ја отвара вратата за американските производи

Кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba ја отвори својата врата за американските продавачи на својата најстара платформа Alibaba.com, објави BBC.

Компанијата од сега нуди алатки за американските компании на кои им овозможува таканаречени “business to business” продажби преку платформата, во САД и на глобално ниво.

Компанијата Alibaba, која традиционално е фокусирана на Кина, се пофали дека има 10 милиони активни клиенти во повеќе од 190 земји и региони. Новиот бизнис потег ќе им овозможи да се натпреваруваат со глобалните гиганти на онлајн продавници како Amazon.

Од Alibaba изјавија дека американската компанија Robinson Fresh на 23-ти јули ќе се приклучи на платформата. Соработката на бизнис план следи откако во март е потпишана “стратешка соработка” помеѓу Alibaba и американската канцеларијата за испорака на канцелариски услуги.

Новиот бизнис потег доаѓа во време на напнати односи помеѓу Соединетите Американски Држави и Кина, кои практично се во комерцијална војна од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП