26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовото Audi R8 ќе биде на струја

Новото Audi R8 ќе биде на струја

Германскиот Audi потврди дека новата генерација R8 ќе биде електрифицирана.

Меѓутоа, во Инголштат се уште не одлучиле кој тип на мотори ќе користат.

Директорот на одделот за спорт на Audi, Оливер Хофман, истакна дека компанијата има неколку интересни концепти за следниот R8, и дека суперавтомобилот нема да има само мотор со внатрешно согорување (SUS).

“Мислам дека нема да развиваме наследник на актуелниот модел со атмосферски мотор ниту стандарден SUS мотор.

Во иднина ќе го електрифицираме R8, но сé уште не е одлучено кој тип на електрификација. Работиме на концептот, во контакт сме со одборот на директори, но досега нема донесено никаква одлука. Имаме некои многу, многу интересни концепти во поглед на моторот, како и целиот концепт на автомобилот. Сеуште не сме одлучиле”, изјави Хофман.

Сегашната втора генерација, базирана на платформата на која е направен Lamborghini Huracan, во продажба е од 2015 година, а го придвижува V10 5.2 FSI.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП