19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајлуксузната стоковна куќа прогласи банкрот

Најлуксузната стоковна куќа прогласи банкрот

Намалена фреквенциja на луѓе, скапи изнајмувања и тренд на онлајн купувањето се главните виновници.

Barneys New York ги воодушевува богатите луѓе речиси еден век. Откако Barni Presman ја отвори неговата прва продавница на Седмата авенија во 1923 година, брендот доживеа експоненцијален раст и сега има повеќе од дваесет претставништва во Соединетите Американски Држави. И покрај успехот, веројатно, овој синџир ја доживува истата судбина на многу други.

Во саботата, Reuters објави дека извори “блиски до ова прашање” веруваат дека Barneys New York Inc. “ги истражува можностите што вклучуваат банкрот, бидејќи се борат со високи кирии и променет вкус на своите клиенти”. Луксузната стоковна куќа, наводно, соработува со правната фирма Kirkland & Ellis LLP за да се подготви да го поднесе ова барање во следните неколку недели.

Во изјавата за CNN Business, од Barneys брендот велат дека “активно ја оценуваат нивната способност за зајакнување на рамнотежата и обезбедуваат одржлив, долгорочен раст и успех на нивниот бизнис”. Дали овие опции вклучуваат банкрот, не е исклучено.

Во март, се појавиле гласини дека Barneys планира да ја намали својата позната продавница на Медисон авенија и секако не се сами во таа борба. На крајот од минатата година, иконскиот луксузен бутик Henri Bendel ја затвори својата врата по 123 години работење, што укажува на тоа дека на луксузот му претстојат тешки времиња. Три индустриски гиганти, Calvin Klein, Lord & Taylor и Tommy Hilfiger, брзо ја следеа оваа приказна, затворајќи ги своите продавници на Менхетен. Високата кирија (Barneys брендот речиси двојно се зголеми, со скок на 30 милиони долари годишно од 16 милиони), во комбинација со намалување на фреквенцијата во традиционалните начини на купување и зголемената популарност на онлајн купувањето придонесуваат за целата оваа приказна.

Со цел да останат релевантни, луксузните продавници се свртеа кон експериментален концепт продавници и pop-up активности со цел да ги активираат своите клиенти – Barneys лансираше декадентна продавница за марихуана во своето здание на Беверли Хилс, но очигледно тоа не беше доволно за борбата со големите e – платформи за трговија, како што се Net-a-Porter и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП