29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei го сака Android по секоја цена

Huawei го сака Android по секоја цена

Кинеската компанија Huawei по секоја цена сака да го задржи Android на неговите телефони, бидејќи објективно, било каква промена на оперативниот систем може драстично да влијае на продажбата на нивните телефони.

Потпретседателката на Huawei, Кетрин Чен, изјави дека Hongmeng OS не е ни дизајниран за телефони. Според нејзините зборови, Hongmeng е наменет за индустриска употреба, а во него има само неколку линии на код кои се наменети за користење на телефони.

Тој OS е првенствено дизајниран за да може да процесира огромни количини на податоци во краток временски период.

Претседателот на компанијата, Лианг Ху, минатата недела, исто така се осврнаа на тој OS истакнувајќи дека првенствено е развиен за Internet of Things (IoT) уреди, како ни дека сè уште не е одлучено дали воопшто ќе биде користен на мобилни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП