28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolvo повлекува милион автомобили поради опасност од пожари

Volvo повлекува милион автомобили поради опасност од пожари

Шведскиот произведувач на автомобили Volvo низ целиот свет пoвлекува повеќе од милион возила, бидејќи некои делови од моторите би можеле да се растопат, изјави портпаролот на компанијата.

Тој изјави дека во најлош случај проблемот би можел да предизвика пожар на моторот.

Како што е наведено, Volvo досега нема забележано ниту еден таков случај.

Според шведската телевизија SVT, проблемот се однесува на моделите со четирицилиндричен дизел мотор произведен од 2014 до 2019 година.

Се работи за модели V40, V60, V70, S80, XC60 и XC90.

Ова е уште една лоша вест за Volvo кој е во сопственост на Кинезите, бидејќи во четвртокот компанијата објави остар пад на профитот во вториот квартал од 2019 година покрај значителното зголемување на продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП