30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата Boeing ќе плати висока казна

Компанијата Boeing ќе плати висока казна

Компанијата Boeing ќе мора да плати 4,9 милијарди долари поради приземјувањето на нејзините 737 Max авиони низ целиот свет.

Се очекува дека овој трошок ќе го избрише профитот на компанијата и дека тоа ќе биде објавено во извештајот за кварталните резултати следната недела.

Поголемиот дел од парите од наведените износи ќе бидат искористени за плаќање надомест на купувачите на авионот Boeing, поради нарушување во редоследот на летовите и одложувања во испораката на авионите.

Boeing објави дека 737 Max би можел да се врати во употреба во последните три месеци од оваа година и дека тоа е “најдобрата проценка во овој момент”, објавија британските медиуми.

Авионите се приземјени откако еден 737 Max падна во Индонезија во октомври, а другиот во Етиопија во март. Загинаа вкупно 346 лица.

Во компанијата нагласуваат дека вниманието е фокусирано на контролните системи на авионот, а Boeing работи на подобрување на софтверот во соработка со регулаторните агенции.

Kомпанијата во меѓувреме го намали нејзиното месечно производство од 52 на 42 авиони, а продажбата е прекината.

Претседателот и директор на Boeing, Денис Миленберг, изјави дека ова е клучен момент за компанијата и дека не постои ништо поважно од безбедноста на екипажот и патниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП