26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Galaxy A10s ќе има две камери, подобрен процесор и 4000mAh батерија

Samsung Galaxy A10s ќе има две камери, подобрен процесор и 4000mAh батерија

Иако бројот на телефони од Samsung Galaxy A серијата е зголемен многу брзо, изгледа дека компанијата планира неколку надоградени модели со ознакaта ”s” за постојните уреди, како што се Galaxy A10 (на фотографијата) и A50.

Според новите извештаи, моделот A10s доаѓа со подобрувања во однос на стандардниот модел, а ова вклучува 13MP + 2MP систем за задна камера, осум-јадрен CPU @ 2GHz и поголема батерија, капацитет 4000mAh.

Покрај наведеното, селфи камерата ќе биде зголемена на 8MP од 5MP колку што има Galaxy A10. Новиот телефон на задната страна ќе има и сензор за отпечаток од прст, а ќе биде достапен во црна, сина и зелена боја.

Веќе ги видовме Galaxy A10s на FCC и Wi-Fi сертификацијата, што укажува на тоа дека телефонот ќе биде наскоро презентиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП