25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle прави ново црно чоколадо кое ќе донесе револуција во прехранбената индустрија

Nestle прави ново црно чоколадо кое ќе донесе револуција во прехранбената индустрија

Компанијата Nestle пронајде начин да направи чоколадо без додавање на шекер, потпирајќи се единствено на остатоците од билката какао за да го заслади темното чоколадо, бидејќи потрошувачите сè повеќе бараат природна и поздрава храна.

Nestle, со помош на специјална патентирана техника ја претвора белата пулпа што ги покрива зрната какао во прашок кој природно содржи шекер. Досега, пулпата никогаш не била користена како чоколадо засладувач, и генерално е фрлана.

Како што соопштиле од компанијата, оваа есен во Јапонија ќе започне со продажба Kit-Kat чоколадо со 70 проценти темно чоколадо според новиот рецепт, кој не вклучува дополнителен шекер.

“Nestle би можел да го искористи истиот процес за производство на млечно или бело чоколадо во иднина”, изјави Александeр Вон Милот, шеф на слаткарницата на Nestle.

Индустријата за храна и пијалаци е под притисок од потрошувачите и владите, кои бараат поздрави производи во услови на зголемена дебелина и стапки на дијабетес.

Овој потег на Nestle може да и помогне на компанијата да ја зајакне нејзината лидерска позиција во индустријата.

“Употребата на пулпа, оваа чоколада ја прави премиум чоколада. Шекерот е евтина состојка”, изјави Вон Милот.

Новото Nestle 70 проценти темно чоколадо ќе има дури 40 проценти помалку шекер од повеќето слични чоколади со додаден шеќер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП