25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIKEA затвара фабрика во САД поради превисоки трошоци

IKEA затвара фабрика во САД поради превисоки трошоци

Шведскиот синџир продавници за мебел IKEA планира до крајот на годината да ја затвори единствената фабрика во САД, укинувајќи така 300 работни места, бидејќи е поефтино да произведуваат во Европа и потоа да увезуваат во Соединетите Држави.

Трошоците за суровини се превисоки во САД во споредба со оние во Европа, што значи дека цените се “многу поголеми”, велат од компанијата позната по производи спакувани во делови во големи кутии.

“Вложивме максимални напори за подобрување и зачувување на конкурентноста на фабриката, но трошоците, за жал, не се на ниво кое ќе овозможат понатамошно производство во Данвил”, објасни Берт Еадес во соопштението објавено минатата недела .

Фабриката во Данвил во американската сојузна држава Вирџинија отворена е во 2008 година, а произведува дрвени полици и елементи за складирање на облека и предмети за домаќинство наменети за американските и канадските пазари.

“Во наредните месеци ќе сториме сé што е во наша моќ за да ги поддржиме нашите соработници во овој период на промени и да бараме нови работни места и можности за обука”, изјави Еадес.

Од компанијата велат дека ќе работат со претставници на работниците и американските агенции за да им помогнат на работниците да најдат нови работни места.

IKEA има производствени капацитети на 24 локации во девет земји ширум светот и вработува околу 20.000 работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП