25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Трамп ќе ја сруши вредноста на доларот?

Дали Трамп ќе ја сруши вредноста на доларот?

Со оглед дека претседателот на САД Доналд Трамп повеќе пати повтори во неговите неодамнешни говори дека доларот е премногу силен во однос на директните “ривали” на меѓународната валутна сцена, а финансиските аналитичари најчесто го потврдуваат неговиот заклучок, во наредниот период би можело да дојде до блага депресија на американската национална валута.

Овој потег би бил добредојден за Трамп, особено имајќи на ум дека би било добро оценет меѓу големите извозници и производители, пред клучните моменти од кампањата за неговиот реизбор следната година.

Меѓутоа, прашањето е, на кој начин американскиот претседател би можел тоа да го стори. Политиката на FED со години се движи во друг правец. Покрај тоа, Bank of America издаде соопштение дека тоа би можело да започне нова “валутна војна”, чии последици можеби и не би биле среднорочни по американската економија.

Една од опциите кои се споменуваат во последните неколку дена по американските медиуми е и директната интервенција на меѓународниот валутен пазар, чиј дневен промет достигнува вредност од околу пет трилиони долари. Аналитичарите во Goldman Sachs, иако сметаат дека доларот во овој момент е малку преценет, тие велат дека овој вид на интервенција може да предизвика значителна реакција на пазарот, и ланчана депресија на главните валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП