28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВнимавајте ова се топ 5 десерти за летово

Внимавајте ова се топ 5 десерти за летово

Знаеме дека во летниот период сите сакаме да изгледаме убаво и се трудиме да ги намалиме вишокот на килограми, но сепак слатките задоволства некако идат рака под рака со долгите топли денови.

Кога велиме летни десерти мислиме на слатки задоволства кои не само што ги јадеме со сласт туку и се погодни да ги измешаме со сладолед, овошје или некои други декорации кои ќе му дадат и допнителна свежина на вкусот.

  1. Палачинки – за искусните домаќинки можеби и не се проблем, но оние кои се нови во кујната иако рецептот е едноставен сепак напорите да се погоди смесата некогаш е макотрпна и одзема многу време. Но, решението денес е едноставно бидејќи можете да ја набавите готовата смеса на Фантазиа и за кратко време да ги направите најдобрите палачинки кои некогаш сте ги пробале. Добрата страна на палачинките е што ја предизвикуваат вашата фантазија во правењето слатки и солени комбинации…од нив можете да направите дури и торта, за гостите слатки ражничи или класично да си свиткате и да си го пуштите омилениот филм.

  1. Кога велиме лето мислиме на сладолед…во корнет, на стапче, домашно приготвен…сеедно важно е сладолед! Но кога сакате на порцијата да и дадете личен печат тогаш ви велиме исецкајте го сезонското овошје и прелијте го со течно чоколадо Chocola! Никој не е рамнодушен на ваквата комбинација

 

  1. Кој вели дека правењето торти не е летна комбинација?! Да, можеби вклучувањето на рерната кога надвор е многу топло е непристоен предлог, но ако ви кажеме дека готовите и најсочни кори за торта Soft Cake Layers можете да ги купите и да ги искомбинирате со свежо овошје и ванила крем тогаш претпоставуваме вие на мени веќе го имате најдобриот сладок десерт за ова лето!

  1. Ви се јавуваат пријателите да поминат на кафе, вас фрижидерот ви е празен, а и премногу е топло за да излезете и да пазарите. Сите знаеме дека со кафе најдобро иде нешто благо, сочно и чоколадно.  Foil Cake на Винчини е полниот погодок со кој ќе им направите добредојде на гостите.

  1. И за крај како јаготка на шлагот е нашиот предлог за топло ладен десерт! Нема да ви се верува, но и за овој предлог не треба да ги засукувате ракавите и да ја валкате кујната. Готовите браунис на Винчини треба само да ги отпакувате да ги загреете и да ги послужите со сладолед од ванила, гранче нане и „voila“ вие сте врвен готвач на слатки.

 

Се надеваме овие неколку предлози го збогатија вашето мени за ова лето. Ве охрабруваме да се забавувате со декорациите и помалку да се грижите дали благото добро ви испаднало, денес е навистина лесно да подготвите нешто вкусно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП