29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛетовите со Boeing 747 Max одложени до ноември

Летовите со Boeing 747 Max одложени до ноември

Авиокомпанијата American Airlines соопшти дека ќе одложи околу 115 летови до почетокот на ноември, поради приземјување на авионот Boeing 737 Max.

Одлуката на авиокомпанијата била очекувана откако американската Федерална администрација за воздухопловство, која мора да ги одобри авионски летови по двете фатални несреќи, минатиот месец објави дека постои ново расипување на авионите за кои Boeing верува дека ќе бидат поправени најрано во септември.

“Компанијата American Airlines и понатаму е убедена дека следните надградби на софтверот на Boeing 737 Max, заедно со новите елементи на обука кои се развиваат во координација со партнерите, ќе доведат до ново сертифицирање на авионот оваа година”, се наведува во соопштението.

Boeing се соочува со десетици тужби поради несреќата во која загинаа вкупно 346 лица. Прелиминарните истраги покажале дека во падот на авионот улога имал новиот софтвер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП