17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот на рекордните осум титули од Лондон, Роџер Федерер во пресметка за која ќе се зборува со години.

Федерер имаше две меч-топки кои не ги искористи во петтиот сет, но на крајот мораше првпат во историјата на турнирот да се игра тај-брејк во петтиот сет (досега се играше додека еден тенисер не направи два гема предност), во кој Ѓоковиќ покажа повеќе нерви и на крајот стана шампион со својата прва меч-топка за 7:3.

Ова е четврти гренд слем трофеј од последните пет за 32-годишниот Ѓоковиќ, и вкупно 16-та гренд слем титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП