6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ се сели во Реал да и се освети на Барса

Ибрахимовиќ се сели во Реал да и се освети на Барса

Zlatan-Ibrahimovic-PSG

Златан Ибрахимовиќ е главна вест во француските спортски медиуми кои денеска информираат за негова голема желба да прејде од ПСЖ во Реал Мадрид, а како главна причина е осветата кон големиот ривал Барселона од каде Швеѓанецот беше избркан во 2011-та година.

„Златан сака да го напушти ПСЖ и да потпише за Реал Мадрид. Тој дури се согласил за „кралевите“ да заигра и за помала плата од сегашната“, изјавил неименуван извор од францускиот шампион.

Шпекулациите велат дека Реал би се согласил да им исплати на парижаните сума од 20 милиони евра колку што е откупната клаузула на напаѓачот.

Во новата сезона Реал ќе се обиде да ја симне Барселона од тронот, а ќе биде предводен од тренерот Карло Анчелоти кој минатата сезона го водеше сегашниот клуб на Ибрахимовиќ.

Анчелоти неколку пати истакна дека токму Ибрахимовиќ е еден од најзаслужните за последните успеси на тимот од Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП